СИНДИКАТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Ние ја движиме Македонија

Железничкиот синдикален форум во студиска посета на ЕВГ и Германските Железници

На 5 и 6 март во Нирмберг Германија членовите на Форумот на Железничките синдикати  на ЈИЕ остварија студиска посета на синдикатот ЕВГ и Германските железници.
Во рамките на посетата се одржа едукативен семинар на кој учесниците од ЈИЕ разменија искуства со претставниците на ЕВГ.
Првиот ден во претпладневната учесниците најнапред ја претставија состојбата на железничките сектори општо и особено состојбата со односите помеѓу социјалните партнери во државите од каде доаѓаат.
Од излагањата можеше да се заклучи дека состојбата на железничкиот сектор во регионот е исклучително сериозна и дека економската и финансиска криза наметнува се потешки услови за работа на железничките работници а со самото тоа и околностите во кои се принудени делуваат синдикатите.
Во попладневната сесија Ролф Лутцке од секторот за меѓународни односи на ЕВГ и Жоржи Бала од Железничката секција на ЕТФ ги претставија директивите од четвртиот железнички пакет и мерките со кои ЕТФ влијае врз креирањето на Европските транспортни .
Наредниот ден активностите продолжија со обраќањето пред учесниците на Пратеникот во Германското Собрание и член на Претседателството на Синдикатот на железничките и транспортни работници Г – динот Мартин Буркхарт.
Во своето излагање г – динот Буркхарт ги запозна учесниците со трендовите на развој на транспортните политики во Р. Германија особено со процесите на либерализација на превозот на патници и субвенционирањето на таквите превози. Тој истакна дека Германската влада минатата година има насочено 3,3 милијади евра во подршка на превозот на патници со ИЦЕ брзите возови. Како член на Претседателството ЕВГ истакна дека во моментот со раководството на Германските железници се водат преговори за зголемување за 6,5% на платите.
Во попладневната сесија Хелмут Дајнер Директорот на Mobifair одржа презентација за активностите на оваа организација која се залага за создавање на услови за фер конкуренција на транспортниот пазар преку воспоставување на еднакви услови за работа на сите компании и преку сузбивање на каботажата. Тој особено се задржа на регулативата за лиценцирање на Машиновозачите од аспект на нивната способност за безбедно извршување на работните обврски. Исто така презентерот се осврна и на појавите на фалсификувани лиценци за Машиновозачи како и машиновозачи кои не се вработени кај работодавач туку работат самостојно по договор со транспортните компании.
Своите активности Mobifair ги спроведува во соработка со државните институции како што се инспекторатите, царината и др. На крајот од презентацијата г-динот Дајнер апелираше до присутните претставници на синдикатите од Југоисточна Европа со свои активности да се вклучат во борбата против каботажата и нелојалната конкуренција.
Во последниот дел на предавањето Себастијан Рутер од Секторот за Меѓународна соработка на ЕВГ ја претстави организационата структура на ЕВГ и околностите во кои  е дојдено до здружување на ТРАНСНЕТ и ГДБА во најголемиот грански транспортен синдикат во Германија.
На крајот од настанот Златко Ратеј од Синдикатот на Машиновозачите на Словенија прдложи Љубе Стојковски и Катарина Миндум да бидат назначени за политички и технички координатори на форумот со цел организирање на следниот собир на Форумот кој ќе се одржи наесен во Македонија.