СИНДИКАТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Ние ја движиме Македонија

Едукативен семинар на НСЈСП – СКОПЈЕ

На 13 и 14.10 2012 во Охрид под покровителство на ЈСП –СКОПЈЕ и на Синдикалната организација членка на СТВ, се одржа едукативен семинар за членовите на НС ЈСП – Скопје. Семинарот беше организиран со повеќекратна цел и тоа: - зајакнување капацитетот и зголемување сознанијата на членството на НС ЈСП СКОПЈЕ за функционирањето на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, потенцирање на важноста и врската на интернационалното солидарно синдикално здружување во остварувањето на работничките права како и важноста од почитувањето на прописите за безбедност и здравје при работа.

Во контекст на претходното Претседателот на СТВ Љубе Стојковски одржапрезентација за регулативата, формите и функционирањето на социјалниот дијалог во Р.Македонија посебно осврнувајки се на социјалното партнерство и постигнатите резултати на ниво на ЈСП – Скопје.

Во продолжение Генералниот секретар на СТВ Горан Весков ги запозна членовите на НС ЈСП – Скопје со историјатот на меѓународното работничко движење а потоа и со структурата на денешните глобални и европски организации во кои членува СТВ.

На крајот како последно предавање Дејан Хаџидимов претставникот на СТВ заЗдравје и безбедност на работа ги запозна колегите со регулативата и практиките со кои се обезбедува безбедното извршување на работниот процес во ЈСП Скопје при што од присутните имаше сугестии за унапредување на оваа витална област од работењето на ЈСП Скопје.