СИНДИКАТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Ние ја движиме Македонија

Избран Младинскиот Комитет на ЕТФ - Делегатот на СТВ Претставник на Регионот на ЈИЕ

На 15ти Октомври 2013, претставниците на секциите за млади од 37 синдикати членки во ЕТФ го избраа првиот ЕТФ Младински Комитет во Загреб , Хрватска. На конференцијата која што беше одржана во Загреб беа избрани 12 членови на комитетот, како и 1 член жена од младниската секција за преставник во ЕТФ за наредните 4 години.
Исто така беше усвоена и новата работна програма за комитетот во текот на следните четири години кој што треба да биде ратификуван на 14ти и 15ти Ноември од страна на извршниот комитет на ЕТФ. Комитетот го сочинуваат членови на синдикатите од следниве држави:

  • 1 - Германија
  • 1 - Италија
  • 1 - Шпанија
  • 1 - Шведска
  • 1 - Украина
  • 1 - Полска
  • 1 - Велика Британија
  • 1 - Франција
  • 1 - Белгија
  • 1 - Македонија
  • 2 - Норвешка


    Комитетот на почетокот ќе се фокусира на работата околу влијанието на Европската економска криза и климатските промени врз младите работници, како и полова еднаквост во синдикатите и на работните места.