СИНДИКАТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Ние ја движиме Македонија

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ФОРУМ НА СИНДИКАТИ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ НА ЈИЕ

На 29,11,2013 Синдикатите на железничките работници на седум земји од Југо-источна Европа, во хотелот Александар Палас во Скопје го формираа Форумот на синдикати.
Идејата за неговото формирање потекнува од пред три години, кога на првиот заеднички состанок во Дубровник, Хрватска Синдикатите основачи одлучија да ги здружат силите во една организација која има за цел:

  • да го промовира социјалниот дијалог и соработката во железничкиот сектор на земјите здружени во форумот,
  • да ги идентификува потенцијалните области на меѓусебна соработка,
  • да ја промовира солидарноста меѓу синдикатите,
  • да се промовира пристојната работа на железничките работници,
  • да се бори против социјалниот дампинг,
  • да овозможи размена на искуства и комуникација
  • и да направи синергија на потенцијалите за исполнување на заедничките договорени активности на синдикатите.

    Во овој форум членуваат синдикатите на железничките работници од Македонија, Романија, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
    Реализацијата на идејата доби непроценлива поддршка од Регионалната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт во Белград и од Синдикатот на Железнички и транспортни работници ЕВГ од Германија во чие име присуствуваа Програмскиот Координатор Милан Јефтиќ и Ролф Луцке од Одделот за Меѓународна соработка на ЕВГ, кој во истовреме е и извршен директор на Европската академија за одржлив транспорт (Институција во состав на Синдикатот на транспортни работници EVG).
    На настанот исто така присуствуваше и Екатерина Јорданова еден од потпретседателите на Европската федерација на транспортни работници со седиште во Брисел Белгија каде се зачленети повеќето од основачите на Форумот.
    Во име на работодавците на Форумот се обратија, Оливер Дерковски Генералниот Директор на Македонски Железници А.Д. Транспорт Скопје и Помошникот Директорот за општи работи на ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА – Скопје кои ја претставија состојбата во Македонскиот железнички сектор од перспектива на работодавците.
    Во рамките на настанот се одржа прес конференција на која пред медиумите дадоа изјави Претседателот на СТВ и гостите од странство.
    На крајот од настанот Форумот едногласно го одбра Златко Ратеј Претседателот на Синдикатот на Машиновозачите на Словенија за Координатор на Форумот во 2014 година.