СИНДИКАТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Ние ја движиме Македонија

Едукативен семинар на НСЈСП – СКОПЈЕ

На 13 и 14.10 2012 во Охрид под покровителство на ЈСП –СКОПЈЕ и на Синдикалната организација членка на СТВ, се одржа едукативен семинар за членовите на НС ЈСП – Скопје. Семинарот беше организиран со повеќекратна цел и тоа: - зајакнување капацитетот и зголемување сознанијата на членството на НС ЈСП СКОПЈЕ за функционирањето на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, потенцирање на важноста и врската на интернационалното солидарно синдикално здружување во остварувањето на работничките права како и важноста од почитувањето на прописите за безбедност и здравје при работа. повеќе...

Продолжува штрајкот во Македонијапат

12.04.2012 Штрајкувачкиот одбор на Македонијапат во присуство на Претседателот и Генералниот секретар на СТВ, одржа состанок на кој се констатира дека претходниот еднодневен протест пред владата не резултира со реализација на барањата на штрајкувачкиот одбор. повеќе...