СИНДИКАТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Ние ја движиме Македонија

ЕТФ И ЦЕР ВО ПОСЕТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Entry photo example

Скопје 30,01,2014 Социјалниот дијалог и условите за работа на синдикатите во железницата се на релативно задоволително ниво беше општата констатација на состанокот на социјалните партнери кој се одржа во просториите на ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА – Скопје и на кој покрај претставниците на ЦЕР и ЕТФ беа присутни претставниците на менаџерските тимови на двете железнички претпријатија и претставници на железничките синдикати членки на ЕТФ.
На состанокот се расправаше за Условите за функционирање на компаниите во контекст на економската ситуација во Државата, условите за работа, структурите на синдикатите проширувањето на ЕУ и очекувања од Европскиот социјален дијалог.
На почетокот на состанокот Сабине Триер и Жан Пол Премон ги претставија структурата и активностите на организациите кои ги претставуваат, поттикнувајки го при тоа интересот на присутните за поголема соработка со ЦЕР и ЕТФ.
Алмут Шпител од ЕВА Академијата го претстави проектот “Социјалниот дијалог во железниците на ЈИЕ“ и планираните активности за негова имплементација во чиј склоп е и одржувањето на денешниот состанок. повеќе...

 

 

 

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА ОСНОВАЊЕ НА ФОРУМ НА СИНДИКАТИ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ НА ЈИЕ

Entry photo example

На 29,11,2013 Синдикатите на железничките работници на седум земји од Југо-источна Европа, во хотелот Александар Палас во Скопје го формираа Форумот на синдикати.
Идејата за неговото формирање потекнува од пред три години, кога на првиот заеднички состанок во Дубровник, Хрватска Синдикатите основачи одлучија да ги здружат силите во една организација која има за цел: повеќе...

Избран Младинскиот Комитет на ЕТФ - Делегатот на СТВ Претставник на Регионот на ЈИЕ

Entry photo example

На 15ти Октомври 2013, претставниците на секциите за млади од 37 синдикати членки во ЕТФ го избраа првиот ЕТФ Младински Комитет во Загреб , Хрватска. На конференцијата која што беше одржана во Загреб беа избрани 12 членови на комитетот, како и 1 член жена од младниската секција за преставник во ЕТФ за наредните 4 години. повеќе...

Делегација на СТВ на Меморијалот “Анте Ереш“ и Постојаната Конференција

Entry photo example

На покана на колегите од СЗХ делегација на СТВ (Претседателот Љубе Стојковски и членот на Претседателството Зоран Дионисијев) присуствуваше на 19 Спортски меморијал “Анте Ереш“ и учествуваше на седницата на Постојаната Конференција на Европските железнички синдикати. На настанот беа присутни претставници на железничките синдикати од регионот, од кои особено беше значајно присуството на Хелмут Динер управителот на Mobifair асоцијацијата за борба против социјалниот дампинг. На конференцијата беше истакнато дека само обединети железничките работници можат да влијаат на политиките на железаничкиот сектор особено против намалувањето на работните места и условите за работа. Следната конференција ќе биде одржана во Романија.

Состанок на железничката секција на ЕТФ – Прво учество на Македонски железничари во работата на Секцијата

Entry photo example

На 17.09.2013 во Загреб се одржа состанок на секцијата за железнички сообраќај на ЕТФ на кој во својство на претставници на СТВ учествуваа и Горан Весков и Славе Наумовски што е прво учество на Македонски синдикат во работата на секцијата. Состанокот започна со излагањата на претставниците на работодавците од Хрватските железници од кои најзначајна беше презентацијата на Извршниот директор на ХЖ Карго г – динот Иван Лешковиќ која се однесуваше на претстојната приватизација на компанијата и во која меѓу другото беа изложени и проблемите со кои многу скоро ќе се соочат вработените на оваа компанија. повеќе...

IV Конгрес на Европската федерација на транспортните работници

Во присуство на повеќе од 400 учесници од повеќе од 30 европски земји на 29 - 31. мај во Берлин, Германија се одржа четвртиот Конгрес на ЕТФ на кој се поставија приоритетите за дејствување на ЕТФ во следните четири години.
СТВ на конгресот беше претставувана од Претседателот Љубе Стојковски. Во иднина стратегијата на делување ќе се заземе за поголема социјална димензија на Европа што е содржано и во темата и програмата за работа на Конгреот: "Од глобална криза кон глобална правда - европските транспортни работници возвраќаат ! ". повеќе...

140 Години железница во македонија
Синдикатите во МЖ Транспорт заеднички го одбележаа јубилејот

Синдикалните организации во МЖ ТРАНСПОРТ АД меѓу кои и најголемите СОЖ МЖ ТРАНСПОРТ А.Д. СКОПЈЕ и СО на Влеча на возови членки на Синдикатот за транспорт и врски при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со подршка на раководството на компанијата организираа за вработените во МЖ ТРАНСПОРТ А.Д. СКОПЈЕ заедничко одбележување на 140 годишнината од постоењето на Железницата во Македонија.
По тој повод беа организирани традиционалните железнички спортски игри на кои беа организирани натпревари во повеќе спортови по чие завршување во фоајето на Подружницата за влеча на возови се одржа скромен свечен коктел за вработените во претпријатието.

Железничкиот синдикален форум во студиска посета на ЕВГ и Германските Железници

На 5 и 6 март во Нирмберг Германија членовите на Форумот на Железничките синдикати  на ЈИЕ остварија студиска посета на синдикатот ЕВГ и Германските железници.
Во рамките на посетата се одржа едукативен семинар на кој учесниците од ЈИЕ разменија искуства со претставниците на ЕВГ. повеќе...